СТРУКТУРА

СТРУКТУРА

Тутунски Комбинат АД поседува 100% од акционерскиот капитал во двете Друштва (ДООЕЛи). Од историска гледна точка, Тутунски Комбинат се занимава со производство на цигари (ДООЕЛ Цигари) и преработка и продажба на обработен ферментиран тутун (ДООЕЛ Тутун) како и мали количини на филтер стапчиња, режан тутун и лепила. Сепак, наведените активности секогаш заземале помал дел од трговијата.

ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА

Структура на корпоративното управување: Генерално Собрание на акционери и Борд на Директори од 6 члена (1 Генерален Извршен Директор, 2 извршни директори и 3 неизвршни директори) со 4 години мандат.
Последните години постои значаен тренд кон цигари со ниско и средно ниво на катран. Оваа варијанта веќе зазема 83% од продажбата по квалитет и обем. Здравствената свест во Македонија е во постојан пораст,па така и растењето на процентот на овие цигарипретставува возможна опција. Македонскиот закон забранува продажба на тутунски производи на самопослужување, вклучувајќи малопродажба преку интернет и автомати за цигари. Независните мали продавници останаа водечкиот канал за дистрибуција на цигари во 2012 год. Тие продавници претставуваат најудобниот пазар за ден-за-ден дистрибуција благодарение на нивните локации и продолженото работно време. Обемот на малопродажба се намали за 11% во 2010 год. во споредба со CAGR намалувањето од само 1% во текот на разгледаниот период како целина. Свесни дека глобалната финансиска криза, заедно со најновите антипушачки регулации влијаат на потрошувачите, големиот дел од производителите на цигари не ги зголеми цените во 2010 год. со цел да се спречи поголем пад. Една од значајните мерки кои беа имплементирани од страна на некои од производителите е таа да паклиците со 20 преминат во паклици со 19 цигари во 2010 год.

Ориенталните тутуни имаат просечен удел од 86.72%; полуориентални 5.61%, Вирџинија 7.27% и Берлеј удел од 0.40%. Тип „Прилеп“ е водечки тип на тутун во производствената структура на Македонија. Заедно со Јака, заземаат повеќе од 81% од вкупното производство на суров тутун во Македонија. Ориентал претставува третиот најголем тип на тутун на светско ниво, зад Вирџинија и Берлеј.