Манипулација

lenti

Во секторот Манипулација се врши преработка на тутунот според неговите квалитетни одлики, при што се добива финален продукт -тонга бала. Тутунот се пакува според барањата на купувачите. Ориенталските типови тутун се манипулираат според системот на индустриска тонга-манипулација. Манипулацијата ефикасно ги спроведува барањата на купувачите. Покрај квалитетните одлики на пакуваните класи се води сметка за хигиенско-техничките услови (нетутунски материи NTRM). Тутунот се пакува како природно ферментиран и истиот се продава како N (Natural), а по порачка на некои купувачи може да биде и вонсезонски ферментиран или како класа А (аrtificial). Стручниот кадар е задолжен за постигнување најголем економски ефект, а манипулираниот тутун целосно одговора на стандардите од светскиот пазар.

Со моменталната поставеност на манипулацијата на тутун капацитетот е до 12 тони за една смена од 8 часа.

Во постапка е набавка и монтирање на современа опрема за манипулација, која е предвидена на нова оддалечена локација и која има капацитет од 20 тони во смена. На тој начин ке бидат задоволени новите барања на купувачите.