ОДГОВОРНОСТ

Еден од главните приоритети на ТКП е социјалната одговорност, која се изразува преку:

- поддршка и спонзорирање проекти и културни манифестации во Прилеп и во соседните општини;

- соработка со детска амбасада;

- високи етички стандарди, социјална грижа и помагање на вработените;

- хуманитарни акции, социјални проекти;

- ТКП е главен инвеститор и одржувач на хидросистемот и неговата мрежа, при што директно го помага развојот на земјоделството во Прилепскиот регион;

- акции за пошумување;

- развивање на спортскиот и на културно-уметничкиот живот во градот; ракометен клуб кој има забележано бројни успеси;

- во рамките на Комбинатот е активно Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, кое се грижи за зачувување на нашата фолклорна традиција на танци и ора.

KUD