ДООЕЛ Цигари

Традицијата на производство на цигари во Прилеп датира од почетокот на дваесеттиот век. Но, современото, индустриско производство на цигари отпочнува веднаш по Втората светска војна. Во 1955 г. е изграден посебен објект за производство на цигари со опрема за квалитетно одвивање на сите фази на тоа производство. Во шеесеттите години е изградена сегашната, нова фабрика со врвни свет- ски техничко-технолошки решенија. Но следејќи ги најновите светски достигнувања во техниката и технологијата на производство на цигари, стручните тимови на Комбинатот во наредните децении извршија понатамошна модернизација на Фабриката. Така, таа денес има можност за годишно производство од 8 милијарди цигари. Располага со современа подготовка на тутунот, со високопродуктивни машини за модерна изработка на цигари и со можности за современ дизајн на различните видови пакувања. За импресивниот развој на оваа дејност на Тутунски Комбинат АД Прилеп, секако, најзаслужни се нашите креатори на голем број марки на цигари, кои што исклучително добро ги познаваат и ги следат вкусовите на пушачите. Затоа многу марки на цигари на Комбинатот станаа толку популарни меѓу пушачите, што навистина остануваат како некое своевидно обележје не само во рамките на Република Македонија, туку и многу пошироко. Таквото високо ниво на техниката и технологијата во нашата фабрика за ци- гари и искусните стручни тимови, овозможија и воспоставување на лиценцна и други видови на соработка со многу светски реномирани тутунски компании, меѓу коишто за посебно одбележување е соработката со најголемиот светски производител на цигари PHILIP MORRIS , и сегашната соработка со кинескиот монопол во цигарната индустрија Hongyunhonghe Tobacco Group. Целокупното производство во фабриката е контролирано на неколку ни- воа. Покрај секојдневната контрола во погонските и специјализирани сопствени лаборатории со високо софистицирана опрема и инструменти за комплетни анализи на хемиските и физичките параметри на суровините, репроматеријалите и посебно на готовите цигари, квалитетот на нашите цигари го следат и го потврдуваат и светски реномирани научно-истражу- вачки институции. Она на што денес посебно се обрнува внимание во креирањето на новите и одржувањето на постојните марки на цигари, е секако грижата за здравјето на пушачите. Тоа е највисок приоритет од кој што се поаѓа во производството на нашите цигари – почнувајќи од најсоодветниот избор на тутунска суровина со најмалку штетни состојци, преку најсовремени репроматеријали од врвни светски производители, до имплементирање на сите светски стандарди што се од значење за намалување на штетноста на пушењето, посебно во поглед на содржината на катранот и никотинот.

tutun_1

СИТЕ НАШИ ВИЗИИ

Нагорната линија на развојот на Комбинатот е логичен пат по кој патуваат успешните и логична потврда на разумните потези.

СИТЕ НАШИ УСПЕСИ

Од 100 тони откупен и обработен тутун во почетокот на работењето, до денешните околу 3 милиони килограми, постоечките магацински капаци тети на ДООЕЛ Тутун имаат складирано до 8 милиони килограми откупен тутун и перспективно се надеваме дека овие количини ќе се одржуваат и во годините што следат.

 

СИТЕ НАШИ ПЕРСПЕКТИВИ

Денес комбинатот е организиран како холдинг компанија со модерни капацитети и врвна технологија во производството на тутун и цигари, кои што се поделени во два ДООЕЛ-а со близу 1.043 постојано вработени и просечно уште 80 сезонски работници.Влегувајќи во ерата на компјутеризацијата, целокупното дејствување на ТКП денес е подредено на принципите на маркетингот, како деловна стратегија во чиј центар се барањата и потребите на потрошувачите. Наша цел за во иднина е привлекување на нови клиенти изработка на цигари под лиценцно производство, проширување и освојување на нови пазари, зголемување на пазарното учество како на домашен пазар така и на пазарите за извоз, ориентирање и следење на светските трендови во пакување и изработка на цигари, проширување на портфолиото со нови производи, зголемување на производните капацитети на фабриката за цигари, интензивирање и зголемување на пласманот на производи од погонот филтер стапчиња и исто така и зголемување на пласманот на производи од погонот за лепила.