web site

 

 

 

 

 

 

 

1873 - Првиот магацин за откуп и обработка на тутун во Прилеп е изграден во 1873 год., кога, всушност, започнува и формирањето на денешниот комбинат.

1949  - Со решение на Владата на поранешна Југославија е основано Државно стопанско претпријатие за откуп и обработка на тутун - Прилеп.

1955 -  Само шест години подоцна се започнува со производство на цигари, со што претпријатието прераснува во Комбинат за тутун и цигари.

1958  Изграден е првиот Завод за индустриска ферментација на тутунот.

1966 - Изградени се браната на Вештачкото езеро и хидромрежата за интервенирање со вода во производството на тутун во екстремно сушните периоди.

1969 - Започнато е осовременувањето на Фабриката за цигари.

1971 - Воведено е плантажно производство на тутун од типот „вирџинија" и се изградени заводи за сушење

1973 - Пуштена е во погон Фабриката за производство на ацетатни филтер стапчиња

1978 - Извршени се реконструкција и проширување на Фабриката за цигари.

1988 - Со договор за заедничко вложување со странска фирма, започната е новата модернизација на сите технолошки фази во Фабриката за цигари.

1990 - Започнат е процесот на приватизација на Комбинатот.

1994 - Определувајќи се за понатамошен развој во Тутунскиот комбинат – Прилеп во 1994 година е пуштен во работа погонот за производство на лепила, кој во својата програма има лепила како за потребите на сите фази на тутунската индустрија (изработка и пакување на цигари, изработка на филтер стапчина), така и за потребите на дрвната, прехранбената, индустријата за картонска амбалажа и други индустриски гранки.

Во периодот од 1970 до 1997 година воспоставена е деловно-техничка соработка со реномираната компанија B.A.T. со која соработка во нашите производствени капацитети се произведуваа познатите брендови како HB, PallMall, Lord и Kim.

Од 1997 до 2006 година се произведуваа лиценцните брендови на цигари како

Bond street и Partner, во сопственост на компанијата Philip Morris.

 

Во периодот од 2003 до 2007 се произведуваа лиценцните брендови на цигари во

сопственост на Austria tabak, Ronson, Memphis classic и light како и цигарата LD.

 

.

 

 

| Мапа на сајтот | Контакт | ©2008 Тутунски Комбинат - Прилеп