• +00 (389) 510 120
  • info@tkprilep.com.mk

структура

Тутунски Комбинат Прилеп е со повеќе од 80% државна компанија.

Од историска гледна точка, Тутунски Комбинат се занимава со производство на цигари (Погон Цигари) и преработка и продажба на обработен ферментиран тутун (Погон Тутун) како и мали количини на филтер стапчиња, режан тутун и лепила. Сепак, наведените активности секогаш заземале помал дел од трговијата.

 ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА

Структура на корпоративното управување: Генерално Собрание на акционери и Борд на Директори од 6 члена (1 Генерален Извршен Директор, 2 извршни директори и 3 неизвршни директори) со 4 години мандат. 

Последните години постои значаен тренд кон цигари со ниско и средно ниво на катран. Оваа варијанта веќе зазема 83% од продажбата по квалитет и обем. Здравствената свест во Македонија е во постојан пораст, па така и растењето на процентот на овие цигари претставува возможна опција. Македонскиот закон забранува продажба на тутунски производи на самопослужување, вклучувајќи малопродажба преку интернет и автомати за цигари. Независните мали продавници останаа водечкиот канал за дистрибуција на цигари во 2012 год. Тие продавници претставуваат најудобниот пазар за ден-за-ден дистрибуција благодарение на нивните локации и продолженото работно време. Обемот на малопродажба се намали за 11% во 2010 год. во споредба со CAGR намалувањето од само 1% во текот на разгледаниот период како целина.  

Ориенталните тутуни имаат просечен удел од 86.72%; полуориентални 5.61%, Вирџинија 7.27% и Берлеј удел од 0.40%. Тип „Прилеп“ е водечки тип на тутун во производствената структура на Македонија. Заедно со Јака, заземаат повеќе од 81% од вкупното производство на суров тутун во Македонија. Ориентал претставува третиот најголем тип на тутун на светско ниво, зад Вирџинија и Берлеј.