• +00 (389) 510 120
  • info@tkprilep.com.mk

Тутун погон

Погон Тутун го организира производството на светски познатиот ориенталски тип на тутун «прилеп».  Типот „прилеп“ се афирмира на меѓународниот пазар како многу ценет ориенталски тип, одгледуван во реони каде што нема присуство на големи фабрики загадувачи, односно во чиста околина. Типот „прилеп“ се одликува со ситни миризливи и ароматични листови, ткивото е нежно со портокалова и црвенкаста боја, со специфична и многу интензивна арома. Специфичната продорна арома, високата содржина на етерични смоли и масла, благиот вкус при пушењето и добрата согорливост се само некои од квалитетите што го прават овој тип тутун врвен зачин во најлуксузните цигари. Во фабрикацијата служи за ароматизирање и изработка на најквалитетни тутунски преработки. Откупениот тутун од индивидуалните производители, во индустрискиот погон на „ТУТУН“ се манипулира, се пакува, ферментира и внимателно се чува сe до неговата испора- ка кон најразличните светски дестинации. Над 90% од ферментираниот тутун се извезува. Продажните класи од ориенталскиот тип «прилеп» се следните:

AB
ABC
KP
DKP
KK  
Можна е и испорака на други класи според посебните барања на купувачот.