за нас

Прилеп е град во Македонија, лоциран во северниот дел на Пелагониската котлина, во јужниот дел на Република Македонија. Има 73.925 жители и површина од 1.675 km2. Се наоѓа на 128 km (воздушна линија) од главниотград Скопје. Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до Кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).
Прилеп е центар на производство на високо квалитетен тутун и цигари, метало преработувачка, електронска, дрвна, текстилна, прехрамбена и мермерна индустрија. Тутунот е еден од Прилепските традиционални култури што успева во Македонската клима. Многу од големите светски производители на цигари го користат Прилепскиот тутун откако ќе се обработи во нивните локални фабрики. Кога во Прилеп бил основан Институтот за Тутун за креирање на нови видови тутун, тоа било прв пример за примена на генетиката во земјоделството на Балканот. Повеќето жители на Прилеп опстојуваат со производство на тутун, кој потоа се откупува од Тутунски Комбинат АД Прилеп во Прилеп. Во 2011 година во Прилепско поле биле произведени 7 321 тони тутун што претставува 28% од вкупното количество тутун произведено во Македонија.
Покрај тутунопроизводството во Прилеп, од големите индустриски претпријатија работат и Прилепска пиварница, Мермерниот комбинат, индустријата за висока технологија „Микросам“ кој е позната во светот по големиот број произведени роботи и разни технолошки изуми, повеќе фабрики за мебел, градежни материјали и воена опрема.
Прилеп е познат по својот „Пиво фест“ – фестивал на пивото со голема посетеност и разни домашни и странски естрадни гости. Само во 2012 година изброени се околу 300 000 посетители, во трите дена колку што трае истиот.
Некои од познатите прилепчани се:
1335 – 1395), Крале Марко, средновековен владетел;
(1864 – 1921), Ѓорче Петров, македонски револуционер, еден од раководителите на ЦК на ВМРО;
(1902 – 1957), Методија Андонов – Ченто, прв претседател на АСНОМ;
(1915 – 1943), Мирче Ацев, народен херој на Југославија;
(1921 – 1993), Блаже Конески, македонски преродбеник, поет и татко на македонскиот јазик и литература;
Градот Прилеп е збратимен со градовите: Асеновград, Бугарија; Радом, Полска; Гарфилд, САД; Тополчани, Словачка; Винсент, Австралија; Тире, Турција и Чернигов, Украина.

Од шеснаесеттиот век семето на тутунот патува по сите континенти, избирајќи ги оние поднебја кои со својата топла клима, сонце и вредни луѓе ќе му овозможат да ја открие својата тајна. Луѓето на кои што тутунот им ја открил тајната на своите вредности, во неа ја пронашлесмислата на својата постојана работа. Така е и во Прилеп – секогаш да се сака подоброто, поуспешното, поквалитетното, поуникатното и така веќе четири века Прилеп и неговата околина ја пишуваат својата историја поврзана со тутунот.