МАРКЕТИНГ

Целокупното работење на компанијата се презентира преку промоција и маркетинг-кампањи, запознавање на домашната и на странската јавност со работата на компанијата, а крајните производи го заокружуваат севкупниот процес на ТКП како комплетна компанија, која се грижи за својот углед. Компанијата постојано работи на осмислување и реализација на нови маркетиншки проекти, кои се еден од главните приоритети на компанијата. ТКП изготви маркетинг кампањи за презентирање во светски реномираните тутунски списанија Tobacco People и Tobacco Reporter.

ТКП постојано инвестира во иднината на компанијата во однос на опремата, просториите за работа и човечки ресурси, како најбитни во целиот процес. Моментално се имплементира нов софтверски систем, како и други едукативни активности, чија цел е да ги упатат вработените во современите техники и модули на менаџирање.

Значи, се инвестира во идеи, но и во набавка на модерна опрема, која би овозможила подобра обработка на примарните производи.