TKP
Агрономија
0  /  100
СЕКТОР

Агрономија

Veni Vidi

Активности

Агрономскиот сектор соработува со околу 5.000 непосредни тутунопроизводители во форма на склучување на договори за производство на тутун.

Секторот им издава сертифициран семенски материјал на тутунопроизводителите, заштитни средства и совети за нивно правилно користење, контрола на заседените површини, ги обезбедува со потребни репроматеријали, им нуди детални и стручни упатства за квалитетно извршување во сите фази на производството, почнувајќи од расадопроизводството, одгледување на тутунот на нива, сушење па до домашна манипулација.

I

GAP & ALP

На сите свои кооперанти секторот врши едукација со помош на експерти за тутун и ги имплементира програмите ALP (Земјоделски Работни Практики) и GAP (Добри Земјоделски Практики). Агрономскиот сектор, исто така, на тутунопроизводителите им издава бесплатни специјализирани прирачници за дополнителна и континуирана едукација и правилно насочување во процесот на одгледување ориенталски типови на тутун.

За oткупот на тутунот се користат ваги со GPRS систем за далечинска контрола, од каде што директно и брзо се следат потребните податоци.

I
Склучување договори
25.февруари - 31 март
Почеток на откуп
15 ноември - 15 декември
Крај на откуп
28 февруари
Откуп на вишок тутун до 31 март