Цигарна Фабрика
Тутунски Комбинат АД Прилеп
0  /  100
Портрет

Цигарна Фабрика

Цигари

Традицијата на производство на цигари во Прилеп датира од почетокот на дваесеттиот век кога постоеле неколку т.н. „фабрики” за сечен тутун. Овој факт, заедно со многу подолгата традиција во познавањето и производството на тутун, создаде услови за исклучително брз развој на производството на цигари во рамките на Комбинатот. Но, современото, индустриско производство на цигари отпочнува веднаш по Втората светска војна. Во 1955 г. е изграден посебен објект за производство на цигари со опрема за квалитетно одвивање на сите фази на тоа производство.

Во шеесеттите години е изградена сегашната, нова фабрика со врвни светски техничко-технолошки решенија. Но следејќи ги најновите светските достигнувања во техниката и технологијата на производство на цигари, стручните тимови на Комбинатот во наредните децении извршија понатамошна модернизација на Фабриката. Располага со современа подготовка на тутунот, со високопродуктивни машини за модерна изработка на цигари и со можности за современ дизајн на различните видови пакувања.

Високото ниво на техниката и технологијата во нашата фабрика за цигари и искусните стручни тимови, овозможија и воспоставување на лиценцна соработка со најголемиот светски производител на цигари PHILIP MORRIS..

ФМТКП е основана во 2014 година како резултат на Договорот за стратешко партнерство помеѓу ФМИ и ТКП според кој новата заедничка компанија стана одговорна за производство, дистрибуција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар. Благодарение на партнерството со ФМИ и исполнувањето на строгите принципи и стандарди за квалитет, во Македонија денес се произведуваат меѓународните брендови Честерфилд и Марлборо

I