Brand

 

 

Оваа цигара е резултат на долгорочната развојна активност на Комбинатот, во рамките на перманентното следење на најновите светски трендови во производството на цигари. Таа е прва во групата висококвалитетни цигари произведена во ТКП и воопшто во Република Македонија. Со изборот на тутуни и репроматеријали со врвен квалитет од најреномирани производители, со исклучително атрактивниот дизајн, со грижливата изработка и одличните пушачки особини, оваа цигара рамноправно им конкурира на најпознатите светски марки цигари. На секоја дегустација и презентација, на секоја саемска и друга комерцијална манифестација, како во земјата така и во странство, оваа цигара предизвикува исклучителен интерес. BRAND BLUE BOX, BRAND WHITE BOX, BRAND SKY BLUE BOX се дел од фамилијата спакувани во тврдо пакување со заоблени ивици, познат како round corner flip top box. BRAND BLUE SOFT и BRAND BLUE LONG, ја надополнуваат фамилијата на BRAND во меко пакување со што го надополнуваат целосното портфолио за стратегиска цигара на ТКП, што само по себе зборува за нејзиниот квалитет и популарност.

brand_2

 

brand_3