СТРАТЕГИЈА

СИТЕ НАШИ ПРЕДНОСТИ

Топлото прилепско поднебје, високиот интензитет на сончевото зрачење, чистата околина без индустриски загадувања и погодниот состав на почвата во реонот, му овозможуваат на Тутунскиот комбинат да организира производство на светски познатиот ориентален тип на тутун „Прилеп“, наречен според името на градот уште во далечната 1930 година. Овој тип на тутун се одликува со златножолта до портокалова боја, со фино еластично ткиво, со слабо изразено главно ребро и нерватура на листот, со специфична и многу интензивна арома, со пријатен и благ вкус при пушењето. ДООЕЛ „Тутун“ организира производство на овој тип на тутун кај речиси 10.000 свои индивидуални тутунопроизводители, преку договор за кооперација. На тој начин, речиси 40.000 жители на Прилеп и на соседните општини се ангажирани во производство на 6-8 милиони килограми тутун годишно, кои ги откупува Тутунскиот комбинат и им дава силна поддршка на своите кооперанти. Откупениот тутун во индустриските погони на ДООЕЛ „Тутун“ се манипулира, пакува, ферментира и внимателно се чува се до неговата испорака кон најразлични светски дестинации. Над 90% од ферментираниот тутун од типот „Прилеп“ Комбинатот го извезува. Негови најголеми купувачи се најпознатите светски производители на цигари од САД, Јапонија и од земјите на Европската унија.

strategija_1

 

Тутунски Комбинат Прилеп е најголемиот преработувач на тутун (ДООЕЛ Тутун) и производител на цигари (ДООЕЛ Цигари) во Македонија во однос на капацитет. Клучните брендови на цигари моментално произведувани во Прилеп се „Бренд“, „Сан“ и „Рондо“. Сите произведени брендови се во сопственост на Тутунски Комбинат АД; Едиснтвениот бренд на цигари кој е лиценциран е Та2. Компанијата е опремена со 10 основни производствени линии за цигари (Вирџинија, Берлеј, Ориентал и Stem Expanding) со годишен капацитет од 3.672 тони и 9 секундарни производствени линии за цигари (4 тврдо паковање, 5 меко паковање), oспособeни за производство. Располага со линија за производство на моно ацетатни филтер стапчиња со 3 KDF-2 машини (132 мм; 120мм) со производствен капацитет од 3.005 милиони филтер стапчиња дневно и 2 KDF-2 машини (108мм;100м) со производствен капацитет од 1.83 милиони филтер стапчиња дневно. Тутунски Комбинат Прилеп има капацитет за обработка на 5.520 тони годишно обработен ферментиран тутун и производство на 3.672-4,032 милијарди цигари годишно. Моментално во Компанијата се вработени 1040 работници. Големиот капацитет на производство и полу-затворениот циклус на производствени процеси и овозможуваат на компанијата испорака на голем број на производи и услуги потребни на своите клиенти. Тутунски Комбинат врши строга контрола на квалитетот при своите процедури со цел да осигура дека производството на цигари е во согласност со меѓународните стандарди. Во 2009 година, компанијата започна со постапка за ISO сертификати.