Агрономски Сектор

koo

Агрономскиот сектор соработува со околу 6.000 непосредни тутунопроизводители во форма на склучување на договори за производство на тутун. На голем дел од нив врши едукација со помош на експерти за тутун и ги имплементира програмите GAP и SRP.

Секторот им издава сертифициран семенски материјал на тутунопроизводителите, заштитни средства и совети за нивно правилно користење, контрола на заседените површини, ги обезбедува со потребни репроматеријали, им нуди детални и стручни упатства за квалитетно извршување во сите фази на производството, почнувајќи од расадопроизводството, одгледување на тутунот на нива, сушење па до домашна манипулација.

Агрономскиот сектор, исто така, на тутунопроизводителите им издава бесплатни специјализирани прирачници за дополнителна и континуирана едукација и правилно насочување во процесот на одгледување ориенталски типови на тутун.

За oткупот на тутунот се користат ваги со GPRS систем за далечинска контрола, од каде што директно и брзо се следат потребните податоци.