ТКП
Стари брендови
0  /  100

Стари брендови на цигари

Start Reading

Производството на цигари во Прилеп отпочнува во технолошкото одделение при Институтот во Прилеп. Овде всушност е остварен и првиот асортиман на прилепски цигари што биле продавани на цела територија од СФРЈ.

Масовната фабрикација на цигари со широк и богат асортиман, во чиј харман се содржани прочуените ароматични прилепски тутуни е отпочната со преселувањето на фабрикацијата на цигари од Институтот во Тутунски Комбинат во 1955 година.

Спрема тоа фабрикацијата на цигари може да се подели на два периода: Опитно производство на Институт за тутун и Производство на Тутунскиот комбинат.

ОПИТНО ПРОИЗВОДСТВО НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТУТУН

Од 1951 до 1955 е остварен асортиман на групи опитни цигари и тоа со броeвите од 1—10 со исто техничко решение. Најпроизведувана била цигара бр. 7, која се сметала за народна.

Опитна Морава пак била цигара од втора квалитетна група, пуштена во производство 1953, со мешавина од македонски, херцеговачки тутуни и опитна вирџинија од Институтот. Во истата година пуштена е и „Поискушна цигарета“ за словенечките пушачи.

ПРВИ ЦИГАРИ ОД ТКП

IV квалитетна група

ДРАВА – пуштена во продажба 1955, во тврдо и меко пакување. Три пати наградувана на Скопски саем, тврдата верзија нарекувана уште „Златна Драва“.

III квалитетна група

ИБАР - пуштена во продажба 1955 (тврдо пакување), додека мекото во 1971 година, со мешавина од прилепски и херцеговачки тутуни.

ЗЕТА - пуштена во продажба 1964 со тврдо пакување. Во горен десен агол стои словото „П“ што го означува градот Прилеп. Второто решение имитира девојка во народна носија, која го претставува нижењето на тутунот. Содржела мешавина од македонски, херцеговачки тутуни и опитна вирџинија од Институтот.

МАКЕДОНКА - пуштена во продажба 1965, двапати одликувана со златна медалја.

ОХРИД - пуштена во продажба 1965, во тврдо картонско пакување. Решението имитира галеб над Охридско езеро.

ФИЛТЕР МАКЕДОНКА - пуштена во продажба крајот на 1965 и почеток на 1966. Филтер цигара исклучиво меко пакувана. Постојат и долги цигари калибар од 8мм.

II квалитетна група

ВАРДАР - пуштена во продажба 1955, пакување картонско во кутии со капак, од најплеменити македонски и одбрани херцеговачки тутуни. Одликувана е со златен медал на Скопски саем.

ФИЛТЕР ПРИЛЕП - пуштена во продажба 1961, во картонско и меко пакување со мешавини од македонски, херцеговачки тутуни и вирџинија, со фигура на кралот Марко.

МОРАВА – првпат произведена во 1963 г. Цигара без филтер во картонско пакување со капак.

МАРАТОН - пуштена во продажба 1962, без филтер, во картонско пакување, во левиот горен агол оцртан е Охрид со маратонски пливач; со прилепски и херцеговачки тутуни.

ЈУГОСЛАВИЈА - пуштена во продажба 1964, картонско пакување со капак.

ИЛИНДЕН – пуштена по повод прославата „10 дена Крушевска Република“, во меко пакување.

МОРАВА - пуштена во продажба 1965 со картонско пакување, прилепски и одбрани херцеговачки тутуни; со македонска народна шара и амблем со листови на тутун.

ФИЛТЕР ЈУГОСЛАВИЈА - пуштена во продажба 1963-64 година, со должина 72мм, а долгата верзија со 85мм. Меко пакување со црвена боја. Пред да се пушти во продажба беше подготвувана со специјални анализи на сите југословенски тутуни повеќе од година дена.

Најпикантна цигара за европски и американски вкус, најпопуларна и најпродавана во Југославија, со претежна употреба на прилепски тутуни; без вештачки сосови и вештачки аромат. Одликувана со златен медал во Белград 1971 во „Пољопривредна комора“.

I квалитетна група

ДРИНА – произведена во 1962 со картонско пакување, калибар 8мм без филтер.

ЕВРОПА – пуштена е во продажба 1969 со специјално англиско картонско пакување; во горен дел три листа на тутун, со земјина топка и карта на светот. Со модерна паковка, станиол и специјална црвена трака, со должина од 80 мм; македонски, херцеговачки тутуни и вирџинија.

ФИЛТЕР 72 – пуштена е во производство 1972 година, по повод 4-ти април. Решение на бела подлога со македонски грб со лав што датира од 1916. Мешавина од македонски, херцеговачки тутуни и вирџинија, без сосови и аромати.

Екстра квалитетна група

МАКЕДОНИЈА – произведена 1957 во картонски кутии со капак. Во десен агол стои грбот на Југославија, а во левиот златен медал. Цигара без филтер со должина 70мм. Во ориенталските тутуни го заземала првото место во Југославија и светот. Пуштена по повод посетата на другарот Тито во 1957 година, прво како поклон а потоа во промет.

МАКЕДОНИЈА – пуштена во продажба 1956 година во картонско пакување, по 30 цигари во кутија. Во внатрешна страна на капакот претставена е панорама со плантажа на тутун и приказ на Варошко поле.

11-Октомври – без филтер, должина 67мм, калибар 8 мм. Пуштена е во 1961 година по повод прославата „Дваесет години од Револуцијата на Македонија“. Во средината се наоѓа споменицата од 1941 до 1961 година; по 20 цигари во картонско пакување со капак.

САМУИЛ – филтер цигара со должина 80мм, врвно достигнување на американски бленд на цигара, пуштена во продажба 1972. Во средина на кутија означени се кулите на македонскиот цар Самуил.