ТКП
Хронологија
0  /  100
ПРЕГЛЕД

Хронологија

Veni Vidi

ИСТОРИЈАТ

1873 - Првиот магацин за откуп и обработка на тутун во Прилеп е изграден во оваа година, кога, всушност, започнува и формирањето на денешниот комбинат.

1924 – Управата на државни монополи од Стара Југославија носи одлука за основање на Опитна Станица во Стариот магацин по заслуга на инж. Рудолф Горник.

1949 - Со решение на Владата на поранешна Југославија е основано Државно стопанско претпријатие за откуп и обработка на тутун - Прилеп.

1955 - Само шест години подоцна е започната со работа цигарната фабрика како дел од Tутунскиот комбинат, со што претпријатието прераснува во Комбинат за тутун и цигари.

1958 - Изграден е првиот Завод за индустриска ферментација на тутунот.

1966 – Изградени се браната на вештачкото езеро и хидромрежата за интервенирање со вода во производството на тутун во екстремно сушните периоди.

1969 - Започнато е осовременувањето на Фабриката за цигари. Отворена е новата цигарна фабрика поставена на засебна локација.

I

1971 - Воведено е плантажно производство на тутун од типот „вирџинија" и се изградени заводи за сушење.

1973 - Пуштена е во погон Фабриката за производство на ацетатни филтер-стапчиња.

1970 до 1997 година воспоставена е деловно-техничка соработка со реномираната компанија B.A.T. со која соработка во нашите производствени капацитети се произведуваа познатите брендови како HB, PallMall, Lord и Kim.

1978 - Извршени се реконструкција и проширување на Фабриката за цигари.

1988 - Со договор за заедничко вложување со странска фирма, започната е новата модернизација на сите технолошки фази во Фабриката за цигари.

1990 - Започнат е процесот на приватизација на Комбинатот.

1994 - Определувајќи се за понатамошен развој, во Тутунскиот комбинат – Прилеп е предаден во употреба погонот за производство на лепила.

1997 до 2006 година се произведуваа лиценцните брендови на цигари како Bond street и Partner, во сопственост на компанијата Philip Morris.

2003 до 2007 се произведуваа лиценцните брендови на цигари во сопственост на Austria tabac, Ronson, Memphis classic и light како и цигарата LD.

2014 – Основање заедничка фирма со Филип Морис

I
Производство на Marlboro
2019
Прослава за 150 годишнина
2023
Македонски тутун - Вардар филм 1954