Фабрикација во Институтот
од Прилеп
0  /  100
1931

Фабрикација за цигари во Институтот

Veni Vidi

ФАБРИКА ЗА ЦИГАРИ ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ТУТУН

Откако не се реализира решението за подигање на фабрика за цигари во Прилеп во 1943 година, а значењето на Институтот за Тутун зa тутунопроизводството на Прилеп и Македонија стануваше се поголемо, по иницијатива на инженерот Рудолф Горник на 1.03.1931 година организирана е фабрика за цигари во склопот на Институтот.

Набавена е опрема од стари машини, и тоа две Флинш машини за изработка на цигари и една машина за дробење. Капацитетот на производството изнесуваше 150 тони годишно или до 500 кг., дневно.

Производството не било доволно механизирано, со рачно пакување во тврда шибер паковка, со слика на Институтот на кутијата.

На секоја кутија било нагласено името Опитна цигара во нумерации од 1—7 зависно од квалитетот, односно степенот на усовршувањето на технологијата за производство на цигари. Почетна врста на цигара била Опитната цигара 1. Во мека паковка била пакувана само Опитната цигара 3.

Суровинскиот состав на цигарите — харманот бил составен од ориенталски тутуни од Прилепскиот регион „Прилеп“, „Отља“ од Куманово, и „Јака“ од Радовиш, Струмица и Врање, додека крупнолисни тутуни „Равњак“ од Херцеговина.

Во производството бил ангажиран стручен кадар, еден агроном, еден тутунски техничар, два висококвалификувани работници, еден машински бравар, одреден број пакерки за рачно пакување.

Производството се вршело во една смена. Карактеристично е што на секоја кутија била отпечатувана молба од страна на Институтот до потрошувачите да се изјаснат за квалитетот на цигарата. Тоа било масовно прифатено од страна на потрошувачите со мислења и сугестии од пушачите од целата земја за квалитетот на цигарите, што посебно добро се одрази врз натамошното производство на цигари во Прилеп и високото реноме на прилепските цигари.

ПОЧЕТОК НА ФАБРИКАЦИЈА НА ЦИГАРИ ВO ТКП

Стручен колегиум

Стручниот колегиум на Институтот за тутун во Прилеп во првата половина од 1954 год предложил до Советот на Институтот прекинување на работата на технолошкото одделение по фабрикација — фабриката, поради проширениот обем на научно-испитувачката работа на Институтот. Предлогот на Стручниот колегиум на Институтот предизвика интерес кај колективот на Тутунскиот Комбинат да го преземе производството на цигари!

Одлуки

Во просториите на хемиската лабораторија на Институтот што се наоѓаше во Скопје, донесена е Одлука на Советот на Институтот да се укине делот на технолошкото одделение за фабрикација и едновремено е сугерирано на Работничкиот совет на Тутунскиот комбинат да поднесе барање до Институтот за преземање на машините за производство на цигари, а со тоа да се пренесе правото за производство на цигари од Институтот на Тутунскиот комбинат. Согледувајќи ги перспективите на фабрикацијата на Тутунскиот комбинат, Комбинатот уште истата година донесе Одлука за преземање на машините и правото на фабрикација на цигари.

Економска оправданост

Спрема тоа, втората половина на 1954 година е зачеток на фабрикацијата во Тутунскиот комбинат. Потоа Економскиот институт во Скопје изготви студија за положбата на тутунската индустрија и фабрикацијата на цигари во земјата и Републиката, и ја оцени економската оправданост за изградба на фабрика за цигари во Прилеп—центар на тутунопроизводството во Македонија и Југославија.